На 04.05.2023 во 15.55 часот полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода М.Е.(26) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.