More

    Амирабдолахиан: Исламската Република и светските сили се поблиску од кога било до обновување на нуклеарниот договор од 2015 година

    spot_img

    Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан изјави денеска дека Исламската Република и светските сили се поблиску од кога било до обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

    – Доколку САД се прагматични, ние сме подготвени министрите за надворешни работи на земјите од заедничката комисија за нуклеарниот договор да се соберат во Виена и да го финализираат договорот – истакна Амирабдолахиан на прес-конференција со сирискиот колега Фајсал Мекдад.

    – Веруваме дека денес сме поблиску до договор во Виена од кога било досега – нагласи шефот на иранската дипломатија.

    По 11 месеци преговори и Иран и САД сега тврдат дека топката е во полето на противникот.

    Стејт департментот вчера соопшти дека договорот не е блиску и е неизвесен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img