Регионалната американска банка „PacWest Bancorp“ со седиште во Лос Анџелес разгледува стратешки опции, вклучително и потенцијална продажба или докапитализација, наведува анонимен извор од банката за тамошните медиуми.
-Банката се надева дека ќе ја избегне судбината на другите банки преземени од американските регулатори со проактивно изнаоѓање решенија за зајакнување на нејзините финансии – вели изворот.
На ваков чекор се одлучи банката откако собра 1,4 милијарди долари од инвестициската фирма „Atlas SP Partners“ кон крајот на март.
„PacWest“ е една од најдобрите 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо.
Според минатонеделното објавување на резултатите од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари. Но информацијата предизвика пад на цената на нејзините акции на берзата.