„Гоце Делчев е неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско. Со својата невидена верба ги освои умовите и срцата на Бугарите. Неговиот живот беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода“.
Ова го истакна претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својот говор во градот Гоце Делчев за време на чествувањето по повод 120-годишнината од смртта на револуционерот.
„Ако денес Република Северна Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто таа е најде сила да ги вклучи во својот Устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот! Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела“ – рече Радев.