More

    Ферус Мустафов се бори за живот во болница

    spot_img

    Ферус Мустафов (73) се бори за живот во болница. По лажната вест дека починал, се огласи неговиот внук, демантирајќи ја неточната информација што ја пласираа дел од медиумите.

    Засега нема детални информации за неговата здравствена состојба.

    „До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот“, напиша Ферчо Мустафов на својот Фејсбук профил.

    Ферус е жива легенда на македонската сцена, кој зад себе има оставено богата кариера и бројни настапи. Неговата кариера започнала уште од мали нозе, а кларинетот и саксофонот се интрументите со кои испишува историја на музичката сцена.

    „Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“, напиша неговиот внук.

    Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img