Легендарниот рок бенд „Аеросмит“ заминува во пензија со прошталната турнеја „Peace Out“.
„Иако Џои Крејмер и понатаму е сакан основач на „Аеросмит“, донесе одлука да ги одложи моментално планираните датуми на турнејата за да се фокусира на своето семејство и здравјето. Многу ќе ни недостасува непогрешливата и легендарна присутност на тапаните на Џои“, стои во соопштението на бендот.
Во 2020 година, Крејмер го тужеше бендот поради кршење на договорот, велејќи дека му бил забранет настап откако претрпел „помали повреди“ претходната пролет. Тој побарал забрана за настапување откако другите членови планирале да свират без него на „MusiCares Person of the Year“ во 2020 година и на доделувањето на наградите Греми , но го изгуби случајот.
Новата турнеја ќе ја продуцира „Live Nation“, а ќе започне во Филаделфија на 2 септември. Истата ќе се одржи ширум САД и Канада, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Њујорк, Остин, Сиетл, Чикаго и Торонто, а завршува во Монтреал на 26 јануари.
„Аеросмит“ е основан во Бостон во 1970 година и продаде 150 милиони плочи ширум светот. Бендот кој освои четири награди Греми е познат по својот хедонистички, див начин на живот.