More

    Адеми: Експертите погрешно толкуваат дека Весна Дамева е разрешена од Судскиот совет

    spot_img

    Експертите погрешно толкуваат дека Весна Дамева е разрешена од Судскиот совет, тврди Селим Адеми, потпретседателот на ова тело, во интервју за Порталб.

    – Со 8 гласа се разрешува од член на Судскиот совет, но Весна Дамева не е разрешена од функцијата член на Судскиот совет, таа продолжува да биде член, таа е разрешена од функцијата претседател – објаснува Адеми.

    Претседател се избира со 8 од 13 членови на Судскиот совет, но со Законот не е регулирано со колку се разрешува и тука е правната дупка. Никаде не пишува дека ако те избираат со 8 гласа и те разрешуваат со 8 гласа. Добро би било Комисијата за реформи во Министерството за правда да го регулира ова прашање, додава Адеми.

    – Во советот имавме мнозинство и беше гласано 7 спрема 5. Советот брои 13 членови, плус 2 чена без право на глас, но Законот се однесува на 13 членови кои имаат право на глас, значи 7 е мнозинството во секоја одлука на Судскиот совет, доколку со закон не е предвидена друга процедура – толкува Адеми.

    Адеми објаснува дека иницирал гласање за смена на Дамева, а причината наводно била дека го криела писмото на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, испратено на 11 април, во кое таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од високи профили.

    Паѓа во очи фактот дека на Селим Адеми не му е познат правниот принцип дека секој се разрешува со мнозинството со кое е избран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img