Познатата српска пејачка Ана Николиќ привлекува големо внимание со своето однесување и изјави, особено затоа што слободно зборува за својот приватен живот.
Николиќ откри дека при вадењето на силиконите, имплантите од градите, таа заменетите ги земала со себе и ги ставала на безбедно место, во сеф.
Како што вели таа, тие силикони се толку мали, што медицинските сестри доаѓале во салата да ги видат и се чуделе што ги ставила.
Ана тогаш објаснила дека силиконите не можете да ги фрлате бидејќи не се разградуваат и постои правило за одлагање на таков отпад. Има таканаречени силиконски гробишта, но наместо гробишта таа го избрала ова безбедно место.
Имено, Ана изјавила дека еднаш разговарала со пластичен хирург, кој и открил дека има „гробишта од силикони“.
„Постојат гробишта на силикони, јас затоа и ги оставив моите малечки кај мене. Отидов кај лекарката и таа ми рече дека постојат силиконски гробишта и кога ќе ги извадат ги носат таму и им го пишуваат името и презимето за да се знае чии се“, раскажала Ана Николиќ неодамна во емисијата со Огњен Амиџиќ.