Само два часа по породувањето во битолската болница почина уште едно бебе, објави А1 он.
Како што пишува порталот мајката која има 24 години ова и била прва бременост била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.
Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.
Мајката е во релативно добра здравствена состојба.
Тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утврдуваат што било точно причината за смртта на бебето.
Според информациите со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот.