Деновиве не можете да се вклучите на популарната мрежа ТикТок без да ја слушнете македонската песна „Ќе ти дојдам“ од нашиот популарен пејач Спасен Силјаноски, која стана вирална меѓу корисниците на оваа друштвена мрежа, особено на оние од поранешните југословенски републики.
Во едно интервју Силјановски вели како неговата песна станала толку вирална на оваа социјална мрежа иако „Ќе ти дојдам“ своето деби пред публиката го имаше во 2017 година на фестивалот „Лешочки фолк фест“.
– Ми испратија видео на ТикТок со некои Афроамериканци, мислам дека така започна сѐ, а потоа се разбира, мојот канал на Јутјуб почна да расте, моите деца имаат седум и девет години, секој ден гледаат ТикТок на телефон и само викај: „Тато, пак ти, пак твојата песна!“ – рече Спасен во емисијата.
Спасен е воодушевен од реакциите за песната, пораки за поддршка пристигнуваат од Србија, Хрватска, Босна, Албанија, Словенија…, a на ТикТок ја споделуваат и танцуваат многу корисници на оваа социјална мрежа, а меѓу нив може да се види и познатата српска пејачка Теа Таировиќ.
Во продолжение, погледнете дел од видеата со песната „Ќе ти дојдам“.
За уште изведби на оваа вирална песна на Балканот можете да кликнете на овој линк и да ги погледнете другите видеа.