Холивудската актерка позираше со бастун за насловната страница на Вог поради болест

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
US actress Selma Blair arrives for the 2nd Annual Academy Museum Gala at the Academy Museum of Motion Pictures in Los Angeles, October 15, 2022. (Photo by VALERIE MACON / AFP)

Холивудската актерка Селма Блер позираше за насловната страница на „Вог“ каде позираше со бастун. Во оваа прилика таа зборуваше за дијагнозата на мултиплекс склероза и желбата да се отстрани стигмата околу самата болест.

Селма Блер вели дека има емоционална и физичка приврзаност кон бастунот. Таа беше дијагностицирана со мултиплекс склероза во 2018 година. Кога зборуваше за својата болест, престана да добива улоги.

Таа вели дека отсекогаш имала замор и нејасен говор, но на лекарите и биле потребни години да сфатат што не е во ред со неа.

Иако на почетокот мислела дека нејзините проблеми се од психосоматски карактер, моментот на добивањето на дијагнозата и значел дека и паднал голем камен од срцето.

Беше фантастично и утешно, само да се знае дека постои цела заедница на хронично болни или пациенти со мултиплекс склероза“.

Актерката позираше во беж фустан, а пред себе држеше стап, кој го нарече продолжување.

„Знам дека додава видливост. „Толку многу помлади луѓе почнаа јавно да ги прифаќаат и да ги покажуваат своите бастуни“, продолжи таа.

„Мислам дека репрезентацијата е важна. Ако можам да помогнам да се отстрани стигмата или прекумерната љубопитност во толпата за некој друг, тогаш тоа е одлично“, додаде таа.

Во интервју за магазинот, актерката проговори за причината поради која се повлече од актерството. Таа го нарече мачно присуството на сетот додека се справуваше со исцрпеноста и тиковите предизвикани од болеста.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article