More

    Кристијано Роналдо, додека бил дел од Манчестер јунајтед, за половина цена го продал својот автомобил Порше само за да го добие телефонскиот број на пејачката Кимберли Вајат од Пусикет Долс

    spot_img

    Кристијано Роналдо, додека бил дел од Манчестер јунајтед, за половина цена го продал својот автомобил Порше само за да го добие телефонскиот број на пејачката Кимберли Вајат од Пусикет Долс.

    Род Торнли, поранешен вработен во Манчестер јунајтед, го откри овој детал од приватниот живот на Кристијано Роналдо од периодот кога тој настапуваше на „Олд Трафорд“.

    Напаѓачот често знаел да побара телефонски број од позната личност, а во еден момент прифатил и да го продаде својот автомобил Порше за половина цена.– Гледавме Икс Фактор, беше Кимберли Вајат од Пусикет Долс и ме праша дали можам да му најдам нејзин број. Го прашав, „Што има за мене? Цело време ти наоѓам бројчиња од девојки а за возврат не добивам ништо“. Ми одговори, „Ти се допаѓа мојот автомобил?“. Возеше Порше кабриолет. Ми рече, „Кога ќе се преселам во Реал Мадрид, ќе ти го продадам за половина цена“. Ми требаа 10 минути да дојдам до телефонскиот број од Кимберли Вајат и веднаш му го дадов. Кога дојде крајот на сезоната, го прашав дали договорот уште важи, а тој позитивно одговори и за 30.000 фунти ми продаде автомобил кој вредеше 60.000 фунти. Следниот ден го продадов автомобилот за 50.000 фунти“ – раскажува Род Торнли.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img