На 19.04.2023 во 01.05 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 18.04.2023 во 21.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (18.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 626 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 306 надвор од населено место.
На 18.04.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на с.Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 124 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
На 18.04.2023 во 14.40 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Добарце-тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(65) од с.Добарце, и патничко моторно возило “сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(22) од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А., а С.М. се здобила со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Криминалистичката полиција при СВР Битола на 18.04.2023 го лиши од слобода Н.Д.(43)од Битола поради сомнение за извршени разбојништва на подрачјето на Битола. Имено, на 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.На 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.На 18.04.2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки. Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.
На 18.04.2023 година во 11.10 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода З.Д.(53) од Р.Албанија поради тоа што на стоп листа евидирал со мерка “апси“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело. Тој бил задржан во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.
На 18.04.2023 во 19.35 часот во Полициската станица Гази Баба Л.Ш.(48) од Скопје, пријавила дека во с.Јурумлери била касната од куче скитник.