Во последниот натпревар од 28. коло на германското фудбалско првенство Волфсбург и Баер Леверкузен одиграа 0:0.
Волфсбург ја прекина серијата од пет победи на Баер Леверкузен на тренерот Чаби Алонсо. Немаше многу интересни ситуации во првото полувреме. Баер имаше многу повеќе од топката во свој посед, но без реални прилики за гол.
Не се промени многу во продолжението. Најдобрата можност за победа на Леверкузен ја пропушти Дијаби во 61. минута кога блескаво реагираше голманот на Волфсбург. До крајот на натпреварот имаше уште интересни ситуации, но резултатот на семафорот не се менуваше.
Со овој бод Волфсбург остана деветти со 40 бодови, четири помалку од шестиот Баер. На врвот е Баерн со 59 бода, два помалку има Борусија Дортмунд.