Тренерот на Далас, Кид откри дека намерно го загубиле мечот со Чикаго за да не се пласираат во плејофот и да добијат повисок пик на драфтот за следната сезона.
Следуваше истрага од НБА лигата за овој случај, а денеска е изречена и казната. Далас ќе плати 750.000 долари.
„Тимот на Далас Маверикс е казнет со 750.000 долари за прекршување на правилата за одморање на играчи. Луѓето од Далас преку своите дејствија, но и изјави по натпреварот покажаа дека победата против Чикаго не им била во преден план, туку сакале со пораз да стигнат до подобра позиција на претстојниот драфт. Со тоа е нарушен интегритетот на спортот и на лигата, за што мораше да следи соодветна казна“, објавија од НБА-лигата.