Руските воени лидери во првите месеци по инвазијата често ги користеле бригадите со специјалци (спецназ) како обични пешадија, па како резултат на тоа, елитните единици, на кои им требаат најмалку четири години за да се подготват, се речиси истребени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руските воени лидери во првите месеци по инвазијата често ги користеле бригадите со специјалци (спецназ) како обични пешадија, па како резултат на тоа, елитните единици, на кои им требаат најмалку четири години за да се подготват, се речиси истребени, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на проценки на американската војска и експерти, како и сателитски снимки кои се меѓу протечените документи од Пентагон.

Ова ја лиши руската армија од можноста да изведува специјални операции за кои се наменети таквите единици. На Русија може да ѝ треба околу една деценија за повторно да создаде такви борбено високо подготвени единици, проценува Пентагон.

Од петте руски посебни бригади за специјални сили кои се вратија од воените операции во Украина на крајот на летото 2022 година, сите до една претрпеле значителни загуби. Размерите на таквите загуби се потврдени, особено, со сателитски снимки направени во ноември 2021 година и во ноември 2022 година. Според американската војска, повеќе од преполовен е бројот на оклопни теренски возила на армијата „Тигар“ што ги користат војниците на специјалните сили.

Вкупно, руските војници изгубија 151 возила „Тигар“ – за толку има документирани податоци од експертите на „Орикс“.

Документите на Пентагон не содржат проценки колку специјалци се убиени или ранети во Украина, но има податоци за една единица – 346 посебна бригада на специјалните сили на ГРУ на Генералштабот на вооружените сили.

Таа „го изгуби речиси целиот персонал, од 900 луѓе испратени [во Украина], само 125 останаа во редовите“. Според американските разузнавачки агенции, загубите во 22-та и две други посебни бригади на специјалните сили изнесувале 90-95%.

Share This Article