Кошаркарите на Пелистер со победа го отворија завршниот мини-турнир од регуларниот дел на сезоната во АБА 2 лигата, откако попладнево во Широки Брег со сигурна игра го совладаа Осиек со 97-78 (45-42).
Македонскиот состав беше во резултатска негатива во речиси целиот прв дел од дуелот, но со серија од 5-0 во завршните минути го презеде водството и замина со предност на полувреме.
Клучна за конечниот триумф се покажа третата четвртина по која Пелистер поведе со 75-57 и рутински ја задржа предноста до крајот. За битолскиот состав ова беше трета победа сезонава во АБА 2 лигата со која Пелистер се искачи на 11. место на табелата, додека Осиек остана последнопласиран.
Најефикасни во редовите на Пелистер беа српските интернационалци Кесар и Малешевиќ со по 16 поени