Неодамнешните воени вежби на Кина, кои симулираат окупација на Тајван, се „сериозно предупредување“ за властите на островот и оние кои ги поддржуваат, соопштија властите во Пекинг.
„Народноослободителната армија неодамна организираше и спроведе серија контрамерки во Тајванскиот теснец и околните води, што е сериозно предупредување против комуникација и провокација од страна на тајванските сепаратистички сили и надворешните сили“, изјави за новинарите портпаролката на Тајванската канцеларија Зу Фенглиан.
За време на викендот, Кина спроведе воени вежби во воздух и на море околу Тајван, како одговор на посетата на нејзиниот претседател Цаи Инг-вен на Соединетите држави.
Кина ги сметаше вежбите „Обединет меч“ неопходни за „одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.
Од граѓанската војна во 1949 година, Тајван бара независност од Кина, која го смета за дел од својата територија и ја осудува секоја форма на политичка комуникација со владата на островот. Кина тврди дека ќе го задржи Тајван на своја територија, „макар и со сила“.
Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти се сретнаа минатата недела во Калифорнија, а Кина уште пред средбата се закани со „решителни контрамерки“ доколку тоа се случи.