Меланија Трамп беше видена за првпат по апсењето на нејзиниот сопруг Доналд Трамп минатата недела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите се прашуваа каде е, а сега конечно се појави! Меланија Трамп беше видена за првпат по апсењето на нејзиниот сопруг Доналд Трамп минатата недела, а можеше да се види како ужива во велигденскиот појадок со него во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

Поранешната прва дама на САД и 76-годишниот поранешен претседател беа фатени како заедно поминуваат низ сала за танц во Мар-а-Лаго со овации од толпата. Излегувањето го означи враќањето во нормала за Доналд и Меланија, кои во минатото се фотографираа заедно за велигденскиот појадок, што беше дел од нивната празнична традиција.

 

Трамп беше облечен во својот вообичаен костум и вратоврска, додека Меланија (52) носеше бела блуза со виолетова цветен принт.

Инаку, многумина забележаа дека Меланија не се појави на говорот на Трамп што го одржа минатата недела по судењето на Менхетен, каде беше обвинет за 34 кривични дела поврзани со исплата на тајни пари на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и модел на „Плејбој“. Нејзиното отсуство покрена прашања кај многумина, особено затоа што нејзиниот татко Виктор Кнавс беше виден во преден план за време на говорот на неговиот зет.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article