Сопругата на поранешниот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина. Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс.
„Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт Вилок во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи“, се вели во соопштението на Интерфакс.
Согласно украинските закони за ова дело е предвидена казна од три до шест години затвор.