Кинеската државна телевизија емитуваше симулација на тоа како би изгледал нападот врз Тајван во очи на најголемата воена вежба која кинеската Народноослободителна армија ја врши во изминатите три денови, а која трае и денеска. Речиси 35 од 70 авиони Ј-15 ја преминале „средната линија“ во морето меѓу Кина и Тајван, а бродовите кружат околу островот во Тајванскиот теснец, според тајванското Министерство за одбрана, пишува Гардијан.
На анимацијата може да се види како ракетните бази на кинеското копно би истрелале бројни ракети кон Тајван во случај на напад. Кинеската армија тврдеше дека симулирала заеднички прецизни ракетни напади врз „клучни цели“ во Тајван.
Лансирањето пак, на авионите Ј-15 сугерираше дека кинеската армија вежбала удари врз Тајван во стил на обиколување, изјави за Гардијан независниот одбранбен аналитичар Бен Луис.
Вежбите Кина ги започна во саботата како одговор на средбата на претседателкатаа на Тајван, Цаи Инг-вен со Кевин Мекарти, претседател на домот на САД.
Тајванското Министерство за одбрана објаци дека од кинеската војска вежба напади од исток. Овојпат, вежбите се многу поголеми од оние кога Тајван беше посетен од Ненси Пелоси. Според министерството, 11 кинески бродови биле забележани само утринава. Вежбата уште трае. Имало и 39 прелети на авиони по самата линија на границата.
Тајванското Министерство за одбрана во понеделникот повтори дека работи според принципот „да не ескалира конфликти и да не предизвикува спорови“, но спроведе вежби за одговор вклучувајќи противбродски ракетни возила на брегот и брзо распоредување на ракетни глисери.
Лансирањето на авионите Ј-15, исто така, предизвика воен одговор од Јапонија. Во понеделникот, јапонското Министерство за одбрана потврди дека се судрило со авиони откако ги снимило полетувањата и слетувањата од околу 80 борбени авиони и 40 хеликоптери од Шандонг.
Јапонското министерство, исто така, обезбеди мапи за следење на Шандонг и четири други бродови во нејзината компанија, откривајќи дека се доближиле до источниот брег на Тајван меѓу петокот и неделата.
На Твитер се појавија повеќе мапи од вежбата. Во еден пост се вели „денеска Кина го заврши военото опкружување на Тајван под изговор за „воена вежба“. Островот е опкружен со 9 разурнувачи, носач на авиони, најмалку 141 борбен авион во изминатите 24 часа и ракетни фрлачи“.
САД соопштија дека внимателно го следат развојот на настаните. Во понеделникот, американската морнарица потврди дека извршила вежба за слобода на навигација во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Спратли.
Американците спроведуваат такви мисии на полуредовна основа, за да ги оспорат тврдењата на различни земји за меѓународните води, што постојано предизвикува лут одговор од Кина. За кратко потоа, Пекинг ги обвини САД дека „нелегално упаднале“.
Во неделата, поранешниот тајвански законодавец, Гуо Женглијанг, изјави за локалните медиуми дека овие вежби „не биле толку очигледни“ како минатиот август, но изгледале „поблиску до вистинската воена состојба“ во спецификите на операцијата. Г
Гуо забележа вклученост на сите три ограноци на кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) патроли на крајбрежната стража и тешки средства како Шандонг.
Кинескиот државен медиум „Пиплс дејли“, во уредничкиот коментар во понеделникот објави дека двата сета вежби испратиле „јасна порака дека Кина нема да толерира никаков предизвик за Тајван“.
„Пекинг постојано нагласува дека прашањето на Тајван е негова внатрешна работа, а националното обединување е нејзиниот основен интерес. Секоја таква провокација секогаш ќе биде проследена со цврст одговор“.