More

    Презентирана изложбата “5 години Џез Фестивал во Битола“

    spot_img

    Со изложбата “5 години Џез Фестивал во Битола“ на авторот Даниел Ѓурчиновски, се отвори шестото издание на Џез Фабрика Фестивалот – Битола 2023.
    Изложбата која беше презентирана во Кристалната сала на Културно информативниот центар, е во рамките на споредната програма на фестивалот.
    „Даниел е нашиот идеен творец, дел од тимот кој го создаде фестивалот и секако наш арт директор“, истакнуваат организаторите на фестивалот.
    Изложбата е и во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола и истата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.
    Ѓурчиновски е официјален фотограф на Џез Фабрика Фест и се погрижи и за изгледот на годинешниот плакат на фестивалот.
    Музичката програма оваа година ќе се одржи од 13 -ти до 15- ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство.Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија.

    Фото : Студио Карали Битола

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img