Изречената Пресуда беше поздравена од многу новинари на социјалните мрежи-така стоеше во еден портал.
Сакам да ги поздравам тие вистински новинари кои сигурно се свесни дека ова е исклучително тежок период за Марјан, за мене како сопруга и мајка а секако и најблиските.
Во нашиот живот е забележан можеби најтешкиот период а тоа е кога предвреме се роди нашиот син и не се знаеше дали ќе остане жив и секој ден се молевме со Марјан за него. И се добро се заврши и тоа помина, синот израсна во вистински, здрав маж. Секој родител посакува за своето дете да е здраво и живо.
Не го пишувам ова за да предизвикам сожалување кај никого ни за мене ни за Марјан само сакам да кажам за жалење се оние кои се ситат на туѓите судбини.
Тие вистински новинари можеби знаат а можеби не дека јас и Марјан бевме принудени да се иселиме од Крива Паланка како резултат на секојдневна тортура и притисоци, нарачани ситуации (инспекции по налог на еден будалетинка и криминалец за кого Марјан пишуваше и докажуваше но кој го слуша тој не е вистински новинар). Тој криминалец има пари не е виновен а овој што се труди да ја докаже вистината е. Сега тој криминалец сигурно чести по кафеани. Но тоа не е битно -знае тој колку мизерен и никаков живот живее.
Дали тие вистински новинари се сеќаваат на нападот врз Марјан во 2015г. Можат да ја освежат меморијата со куп слики на интернет , токму на роденденот на синот. Епилогот остана енигма а се знаеше нарачателот на нападот. И тогаш Марјан беше нападнат затоа што ја пишуваше вистината додека вистинските новинари молчеа. Но човекот издржува се и тоа го поминавме.
Повторно се прашувам дали тие вистински новинари се сеќаваат дека имаше и втор напад врз Марјан на 19.04.2022 и тоа пред очите на синот. Тие новинари наместо да го бранат својот колега го напаѓаа со зборовите ,,така му треба,, а зошто зарем затоа што ја пишувал вистината.
Само оној кој поминал напади, притисоци може да го разбере револтот од една страна но и храброста за докажување на вистината.
За последниот случај не сакам да коментирам, немам зборови но на сите им е јасно но мудро си молчат како вистински новинари.
Сакам да изразам огромна благодарност до сите ,,пријатели,, на Марјан кои едноставно ги снема, исчезнаа.
Особена благодарност упатувам до еден кумановски пејач син на адвокат кој добро знае за односот со Марјан (што се праќал и колку го молеше Марјан да ги објавува неговите текстови а сега жив го нема).
Такви профили на кукавици од мажи има уште многу.
Вистинските пријатели се бројат на прсти.
Но животот е еден круг и во него сме сите ние. Но за жал многу малку има вистински луѓе во него. Никој не знае што може да му се случи во животот.
Секој нека биде свесен дека во животот секого може да го снајде истото!