Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека еден хеликоптер и три кинески воени бродови биле забележани недалеку од Тајван.
„Еден авион на кинеската армија и три брода на кинеската морнарица беа забележани во 6 часот по локално време“, се вели во соопштението на Министерството.
Изјавата беше објавена по средбата на тајванската претседателка Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти во Лос Анџелес.
Посетата на претседателот на Тајван на САД е историска, но и политички чувствителна во време на зголемени тензии со Кина.
Пекинг најави „решителен“ одговор по средбата на двајцата официјални лица во Калифорнија.
„Кина ќе преземе решителни и ефективни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ксинхуа.