More

    Реал пред Ел Класико: Ни судат оние кои ни ја зедоа титулата

    spot_img

    Интересен потег направи Реал пред реванш полуфиналето од Купот на кралот, кој ќе се игра в среда во Барселона, откако го загуби првиот натпревар на домашен терен со 0:1 од најголемиот ривал.

    Актуелниот шампион на Шпанија и Европа монтирал и објавил видео во траење од 2:40 минути. Тоа ги покажува огромните грешки кои во последните години на негова штета ги направија Хуан Мартинез Мунуера, главниот судија на утрешното Ел Класико и Хозе Луис Гонзалес Гонзалес, кој ќе го води дербито во ВАР собата.

    „Мартинез Мунуера ќе биде судија на Ел Класико во Барселона, а Гонзалес Гонзалес ќе биде ВАР судија… Каква случајност! Правдата ја дели тандемот со кој сите што го сакаат Реал ги имаат најлошите спомени“, потсетува Реал на клупскиот телевизиски канал и истакнува:

    „Тоа е истиот судиски пар кој го водеше натпреварот во кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја, а тоа беше натпреварот помеѓу Реал и Севиља во сезоната 2020/2021, кога нивните грешки ни ја одзедоа титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалес Гонзалес потоа направија дури шест решавачки грешки на штета на Реал“.

    По прикажувањето на сите грешки, видеото завршува со порака на Гонзалес Гонзалес од ВАР-собата, која за навивачите на Реал стана симбол за судиското газење на нивниот клуб: „Се е ок“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img