Руски беспилотни летала го нападнале украинското пристаниште Одеса на Црното Море, соопштија рано утринава локалните власти, наведувајќи дека нападот предизвикал штета.
„Непријателот штотуку ја погоди Одеса со напади со беспилотни летала“, се вели во соопштението на локалната администрација.
„Има штета“, се додава во соопштението на Фејсбук, без да се наведат детали.
Шефот на воената администрација во Одеса, Јуриј Крук, изјави дека силите за воздушна одбрана на Украина се во подготвеност во случај на втор бран напади.
Одеса беше омилена дестинација за одмор за многу Украинци и Руси пред инвазијата на Украина во 2022 година.
Руските сили постојано го бомбардираа градот од почетокот на конфликтот.
Во јануари, УНЕСКО го стави историскиот центар на Одеса на листата на светско наследство во опасност.