На 02.04.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Е.М.(20) од Кавадарци и Д.Џ.(20), со привремен престој во Кавадарци. Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од с.Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.04.2023 околу 23.10 часот во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 03.04.2023 во 02.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.Р.(41) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.04.2023 во 21.55 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.04.2023 во 16.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.04.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.04.2023 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(19), Г.К.(19) и Љ.С.(20), сите од Велес. При преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 02.04.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(40), С.М.(40)и И.К.(50), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А. биле пронајдени 233 таблети. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 531 возач. Од нив 29 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 272 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 259 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 134 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол…
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 174 возачи, од кои 140 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило и 3 возачи на мотоцикли.
На 02.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 14 во населено место и 7 надвор од населено место. На 01/02.04. во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои, 2 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно и 2 за некористење сигурносен појас.
На 02.04.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„20“ во с.Сарај, скопско, и локален пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Р.П.(33) од с.Глумово и мопед „априлија“, управуван од А.А.(19) од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.04.2023 во 14.21 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ и ул.„Влатко Миленковски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.И.(57) од Битола и автобус „неоплан“ со битолски регистарски ознаки, управуван од З.З.(54) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Б.И., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
На 02.04.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.М.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Михов“ била касната од куче скитник.
На 02.04.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ѓ.(72) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.
На 02.04.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Чаир, С.Ф.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Радишани бил каснат од куче скитник.