Кралицата на попот Мадона објави ново, бизарно видео на својот профил на Инстаграм, во кое држи гитара и во еден момент ја лиже. Ова е само една од низата необични објави кои пејачката ги поставува на Инстаграм, а ниту ова не била баш најдобро прифатена од многубројните обожаватели.
Мадона клекнала покрај гитарата, со едната рака држејќи го инструментот додека се наведнувала и ја лижела гитарата.
„Дали е можно да се вљубиш во својата гитара?“, напишала поп кралицата покрај видеото, облечена во зелен фустан и црна јакна.
Голем број следбеници испратија негативни и загрижувачки коментари, по што коментарите под видеото беа оневозможени.