Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека Израел прави напори да преговара за мировни преговори на највисоко ниво меѓу неговата земја и Русија и дека тие би можеле да се одржат во Ерусалим.Во видео-обраќање, Зеленски рече дека израелскиот премиер Нафтали Бенет се обидува да најде начин за разговори.
-„Ние сме благодарни за неговите напори, па порано или подоцна ќе почнеме да разговараме со Русија, можеби во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир. Ако е можно“, рече Зеленски во пораката објавена по видео линк до израелскиот парламент.