Биографскиот фил кој ќе го опише животот на покојниот Џеј Рамадановски започна да се снима пред две недели, а го носи називот „Недела“, симболично, по еден од најголемите хитови на овој славен боем.
Сега испливаа нови детали за овој проекткој продукцијата го држи во најголема тајност.
Сега е откриено дека музиката на овој проект ќе ја прави човекот кој за Џеј ги создаде некои од најголемите хитови, Александар Фута Радуловиќ.
Со овој проект се враќа на голема врата, по двете семејни трагедии кои ги доживее во претходниот период – губитокот на сопругата Марина Туцаковиќ и на синот Милан Лаќа Радуловиќ, наведува српски „Курир“.
Самиот Фута ги потврдил овие наводи.
Фута вели дека бил ангажиран поради авторските права на текстовите кои ги има напишано неговата сопруга за покојниот Џеј.
„Се е регулирано што се однесува на правата уште одамна. Дури и јас се ангажирав околу музиката за некои делови од овој филм. Малку по малку се враќам и Марина тоа би го сакала и и било многу мило“, изјавил Фута.