На железничка пруга во скопската населба Хиподром во Скопје било најдено тело на маж без знаци на живот, кое најверојатно било удрено од воз.
Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 14 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Увид извршиле и екипи од СВР Скопје и од „Македонски железници“.