More

    Орландо Блум отпатувал за Украина, каде се сретнал со претседателот на оваа земја, Володимир Зеленски

    spot_img

    Холивудскиот актер Орландо Блум отпатувал за Украина, каде се сретнал со претседателот на оваа земја, Володимир Зеленски. Тие најмногу зборувале за состојбата на децата во земјата зафатена од војна.

    Блум замина во Украина како претставник на УНИЦЕФ и нагласил дека ова му е прво патување во оваа земја по 2016 година.

    „Гледањето на децата, гледањето во нивните очи… опипливо е – вознемиреноста, а сепак силата на украинскиот народ е нешто што навистина предизвикува стравопочит. И секако вашите пораки се причина за тоа. Неверојатно е да се види како вие ја водите оваа земја“, му рекол Блум на украинскиот претседател.

    Орландо Блум се сретнал со Зеленски во Претседателската палата во Киев, а за време на посетата на Украина ќе ги посети и градот Ирпињ и селото Демидив.

     

     

    Актерот и Зеленски разговарале за хуманитарни проекти и напори за реконструкција за помош на децата на Украина.

    Блум му рекол на Зеленски дека неговиот став за време на војната ја одразува храброста и решителноста на украинскиот народ и дека светот ја следи ситуацијата откако рускиот претседател Владимир Путин беше обвинет за воени злосторства поради депортација на деца.

    „Се разбира, тој што не смее да се спомене поради тоа стана воен злосторник. А ова што се случува е толку страшно“, нагласил Блум и го прочитал писмото упатено до Зеленски: „Вашата победа ќе биде победа на хуманизмот“.

    Тој продолжил: „Поразот би бил пораз на надежта. Значи, во сè мора да победите. Мора да се борите со нескротлив дух. Некогаш среќата беше против витез чии непријатели во суштина го заробија и му го зазедоа замокот.

    „Каде е сега твојот замок?“, го прашале. Витезот одлучно одговори со крената глава: „Мојот замок е во моето срце“.

    „Супер“, одговорил Зеленски, кимнувајќи со главата.

    „Имате срце!“, повторно му проговорил актерот на украинскиот лидер, тапкајќи го по гради, кој се насмеал.

    Додека излегувал од просторијата, Блум му го покажа видеото на Зеленски и додал: „Мајка ми ја пееше украинската национална химна и ми рече: ‘Ако го видиш Зеленски, кажи му да победи“, пишува „Дејли мејл“.

    Реакциите за оваа средба се спротивставени, едни на Твитер велат дека Блум повеќе не им е омилен актер, а други пак дека им станал омилен токму поради разговорот со Зеленски.

    ФОТО: kyiv/Tanjug/AP

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img