На социјалните мрежи брзо стана вирална фотографија на која водачот на католичката црква, папата Франциско, носи бела јакна со голем крст околу вратот кој му паѓа преку градите, но сепак фоторафијата е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
Многу корисници на социјалните мрежи, вклучително и Криси Тајген, изразија збунетост околу тоа дали модерната фотографија е вистинска или лажна, бидејќи пореални слики со вештачка интелигенција кои прикажуваат познати личности го преплавуваат интернетот.
– Мислев дека фотографијата на папата е вистинска. Нема шанси да ја преживеам технологијата на иднината – напиша таа.
Необичната фотографија ги изненади корисниците кои набрзо почнаа да прават мемиња од неа.
– Папата Франциско и неговиот ѓердан со крст ме потсетуваат на некоја рап ѕвезда од 1990-тите – напиша еден корисник на Твитер.
Други изразија загриженост за тоа колку е реална сликата и како вештачката интелигенција може да влијае на перцепциите на луѓето.
Во последните денови, на социјалните мрежи беа креирани и објавени лажни слики на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, актерот Вил Смит и други.