Уставните измени треба да се направат и сите политички чинители треба да бидат свесни дека тоа е патот до зачленување во Европската Унија, ни порача денеска министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка.
– Мислам дека уставните измени треба да се направат и сите треба да бидат свесни дека преку едно такво дејство ќе се отвори патот на интеграциите, а што се однесува до нас. ние сме рамо до рамо и координирани во овој процес и многу е важно бидејќи ова е еден миг кој има нова динамика имајќи го предвид фактот дека ЕУ е посвесна за потребите за инвестиција во нашиот регион и посвесна за колку е поврзан целиот процес на проширување. Важно е за сите политички чинители дека ова е момент кој не треба да се пропушти, отворена е можност да одиме побрзо по овој пат и овој процес и ако некој остане назад ќе остане назад во неповолноста за нивните граѓани затоа оваа работа не треба да се дозволи – нагласи Џачка.