More

    Британскиот принц Хари денеска ненадејно се појави пред Високиот суд во Лондон

    spot_img

    Британскиот принц Хари денеска ненадејно се појави пред Високиот суд во Лондон, каде што тој и уште шест други славни личности го тужат издавачот на весникот „Дејли меил“ за долгогодишно наводно прислушување на нивните телефонски разговори и повреда на приватноста.

    Медиумската група „Асошиејтед њуспејперс“, издавач, меѓу другото, и на „Дејли Мејл“, е обвинета дека користела разни техники за упад во приватсноста, од следење електронска пошта, хакирање, прислушување телефонски разговори, упад во медицинската документација на тагретираните личности и друго. Меѓу другите кои го тужеа медиумите се пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, како и глумиците Елизабет Харли и Сејди Фрост. Тие бараат отштета за злоупотреба и незаконско стекнување приватни информации.

    Ова рочиште се очекува да трае четири дена, а присуството на принцот во Судот укажува на важноста што тој му ја придава на случајот.

    Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл живеат во САД откако се повлекоа од кралските должности во 2020 година. Една од причините кои кралската двојка ги наведе како мотив да се повлечат од должностите, беше токму агресивноста на печатот и нивните обиди да ја нарушат нивната приватност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img