More

    Србија гласаше во ОН за резолуција со која се бара повлекување на руските сили

    spot_img

    На седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) во Њујорк, Србија гласаше за усвојување на резолуција со која се бара итно повлекување на руските сили од Украина и се повикува на „праведен и траен“ мир.

    За таа необврзувачка резолуција, усвоена ден пред првата годишнина од рускиот напад врз Украина, гласаа 141 членка на ОН, вклучително и сите земји од Западен Балкан.

    Против резолуцијата гласаа седум земји (Русија, Белорусија, Сирија, Северна Кореја, Мали, Никарагва, Еритреја), а 32 земји беа воздржани, меѓу кои Кина и Индија.

    Украина и нејзините сојузници се надеваа дека резолуцијата вечерва ќе добие поддршка од најмалку 143 земји, како и во октомври минатата година, кога Генералното собрание на ОН ја осуди руската анексија на четири региони на истокот на Украина.

    Резолуцијата усвоена вечерва ја потврдува „посветеноста на територијалниот интегритет на Украина“ и бара Русија „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“.

    Од почетокот на руската инвазија на Украина, Србија гласаше за четири резолуции на Генералното собрание на ОН за таа војна, а еднаш беше воздржана.

    Србија во март минатата година поддржа две резолуции, од кои првата ја осудува руската агресија, а втората бара Русија веднаш да ја прекине војната против Украина.

    Во април минатата година Србија гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН, а во октомври за резолуцијата со која Генералното собрание на ОН ја осуди руската анексија на четири украински региони.

    Србија се воздржа дури во ноември, за време на гласањето за резолуцијата со која се бара Русија да одговара за инвазијата на Украина, заедно со обврската да му плати компензација на Киев.

    Од досегашните шест резолуции на Генералното собрание на ОН, априлската, со која Русија беше исклучена од Советот за човекови права на ОН (93 гласа „за“), и ноемвриската, за исплата на компензација на Киев (што беше поддржани од 94 земји), добија најмалку поддршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img