More

    Даниела Мартиновиќ откри со што ја освоил инспекторот

    spot_img

    Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ во интервју за „Ин Магазин“ зборуваше за нејзината нова песна „Верувам во луѓето“ за која пред неколку дена го претстави и спотот. Таа откри и детали за новата врска со криминалистичкиот инспектор и музичар Јосип Плавиќ.

    „Од првиот момент кога Зоран Мишолонгин ми ја донесе песната да ја слушнам, веднаш ми зазвучи како некаква ода за луѓето, односно за доброто што живее во срцата“, рече пејачката и додаде дека снимањето на новиот спот бил нејзиниот прв контакт со знаковниот јазик.

    Првата средба со новото момче Јосип ја опишала како „необична приказна“, а тоа се случило, како што изјавила, пред една година кога нејзиниот идентитет бил украден на интернет. Пејачката потоа го контактирала својот адвокат, кој ја упатил во полиција.

    „Го пријавив тоа и мојот случај дојде на масата на Јосип и толку. Верувам дека се се случува во вистинско време“, рекла Даниела, а потоа открила како ја освоил нејзиниот нов дечко.

    „Тој е навистина посебен, различен, неговиот поглед на животот, да речеме, тој многу се однесува кон луѓето, тоа никогаш навистина не сум го видела или многу ретко. Кон обичните луѓе. Тој е љубезен, тој е посебен… Јас сега се збунив, не знам како да зборувам за тоа…“, рече таа.

    Напоменала и дека Јосип е љубител на музиката, а и дека понекогаш и свири.

    „Тој 16, 17 години имаше свој бенд „Изван закона“, дури и компонираше. Свиреше на гитара, па има големо искуство во музиката“, додаде Мартиновиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img