More

    Хормонот на стрес кортизол: Тивко убиец или вреден подарок на еволуцијата?

    spot_img

    На TikTok има се повеќе објави кои го обвинуваат хормонот кортизол за разни болести. Научниците предупредуваат дека ова е поедноставување на проблемот. Кортизолот не е наш непријател.

    Кортизолот, познат и како хормон на стресот, е хемикалија која му помага на нашето тело да го регулира стресот. „Тоа е хормон кој ги поврзува умот и телото“, објаснува за Њујорк Тајмс Мартин Пикард, вонреден професор по медицина на однесувањето на Универзитетот Колумбија.

    „Речиси секој орган има рецептор кој реагира на кортизол. Од клучно значење е да ни помогне да функционираме во текот на денот, без разлика дали го регулираме крвниот притисок или се бориме со воспаление“, додаде Пикард.

    „Кортизолот е подарок на еволуцијата кој ни помага да ја мобилизираме енергијата потребна за да се соочиме или да избегаме од опасноста. Тоа го прави делумно со зголемување на количината на гликоза во крвта. Го регулира и нашиот метаболизам. Нашите нивоа флуктуираат во текот на денот, се зголемуваат кога првпат се будиме и паѓаат додека заспиваме.
    Кортизолот е ваш пријател, се додека не е премногу“, објасни докторот Грегори Фрикионе, помошник-началник за психијатрија во Општата болница во Масачусетс и професор по психијатрија на Харвард.

    Нерамнотежата на кортизолот навистина може да предизвика замор и раздразливост. Некои ментални болести, вклучувајќи депресија и посттрауматско стресно растројство, се поврзани токму со нерамнотежата на кортизолот, рече Раза Сагарвала, лекар од одделот за психијатрија во Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, кој ги проучувал ефектите на нефармаколошките третмани врз нивото на кортизол. Но, експертите ги отфрлаат тезите, како оние на социјалните мрежи, каде кортизолот е виновен за се, од мозолчиња до срцеви удари.
    „Не е тешко да се тестираат нивоата на кортизол, но многу е тешко да се протолкува“, истакна Михаил Зилберминт, вонреден професор по клиничка медицина, специјализиран за ендокринологија во Медицина Џонс Хопкинс.

    Во ретки случаи, луѓето кои развиваат прекумерни количини на кортизол може да развијат Кушингов синдром, кој се манифестира како масна грутка на задниот дел од вратот; некои луѓе добиваат тежина, се чувствуваат уморни и имаат проблеми со спиењето. По целото тело им се појавуваат модринки, а се зголемуваат и шеќерот и крвниот притисок.

    Некои истражувања сугерираат дека јогата и медитацијата можат да помогнат во намалувањето на нивото на кортизол. Д-р Сагарвала, тврди дека дури и да одвоите пет минути дневно за да се опуштите и да го ресетирате вашиот ум може да биде корисно.

    „Не треба да го сфаќаме стресот како нешто страшно. Самиот факт дека сме живи значи дека ќе доживееме стрес“, заклучи Грегори Фрикионе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img