Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот турски град Кахраманмарас, јавува Анадолија.
Како што соопштија од Дирекцијата за вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во населбата Гоксун, во Кахраманмарас, на длабочина од околу седум километри.
Во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари оваа година, загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а илјадници други во соседна Сирија.