More

    Сопружниците во Германија треба да имаат поголема слобода при изборот на презиме

    spot_img

    Во иднина, сопружниците во Германија треба да имаат поголема слобода при изборот на презимето по бракот. Истото важи и за децата. Новиот закон ќе ги почитува и обичаите на лужичките Срби.

    „Сегашниот закон е премногу строг, особено кога станува збор за двојно презимиња“, вели министерот за правда Марко Бушман од германската Либерално-демократска партија (ФДП). Тој смета дека е „крајно време“ да им се дозволи на сопружниците „да ја изразат својата поврзаност со преземањето на презимето на партнерот“.

    Според предложениот закон, во иднина би можело и двајцата сопружници да го преземат презимето на партнерот – досега тоа беше можно само за еден. Во иднина и двајцата сопружници би можеле да имаат исто, двојно презиме со цртичка помеѓу.

    Двојно презиме и за деца
    Покрај тоа, на децата можеше да им се пренесе двојно презиме, што исто така досега не беше можно. Новиот закон, исто така, ќе им овозможи на децата, во случај на развод на нивните родители и во случај еден од родителите да го обнови своето родено презиме, исто така да го менуваат своето презиме.

    „Денес е сосема нормална ситуација родителите да го вратат презимето што го имале пред свадбата, а во таква ситуација детето би можело да го преземе и тоа претходно презиме“, вели Бушман.

    Промените ќе ги опфатат и припадниците на националното малцинство на лужичките Срби, кои на нивните презимиња ќе можат да ја додадат родовата наставка (-ов,-ова), што досега не беше можно.

    Застарено семејно право
    Политичарот на ФДП објаснува дека владејачките партии (СПД, Зелени и ФДП) во нивниот коалициски договор предвидуваат измени на многу застарени закони, но, како што вели, постигнат е договор дека приоритет има промената на законот во врска со презимето. Таа тема, најави, наскоро би можела да влезе во собраниска процедура.

    „Разновидноста на семејниот живот се зголемува во последните децении. Германскиот закон за семејство се бори со новата реалност“, рече германскиот министер за правда. Како дел од тие измени ќе се менуваат и законот за правата на децата, како и законот за издршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img