Пресудите од Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците од Бугарија, кои Бугарија не ги спроведува, ќе бидат вметнати во извештајот на Советот на Европа во април – најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисија на Радио Лидер.
– Во април има редовна сесија на Парламентарното Собрание на кој што една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, и исто така јавноста малку знае дека јас сум еден од луѓето кои што го следи спроведувањето на овие пресуди и сум дел од тој Комитетот во Советот на Европа. Ќе има доста жестока дискусија во однос на Бугарија, затоа што, еве можам ексклузивно и за јавноста да кажам, дека ќе бидат вметнати во тој извештај пресудите кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а кои што Бугарија не ги спроведува. Но, повеќе за тоа ќе може да зборуваме во април – изјави Николоски.