Не му е лесно и на тандемот Бенифер – очигледно е дека не знаат што да прават со партите.
Бен Афлек е бесен, бидејќи Џенифер Лопез досега се откажала од купување на најмалку четири имот, а сега го раскинала и договорот за купување на една куќа во Калифорнија што таа и Бен ја пазариле за 64 милиони долари.
Џабе Бен е заљубен во тој имот од 16.000 квадратни метри, која оди заедно со еден замок. Куќата што на ѝ се бендисала на Џенифер има „само“ 8 спални соби и 14 бањи
Ова се смета за еден од најлуксузните имоти во светот. Има и теретана, а една долга патека води до голем терен за мотори. Базен и спа, камин, „медиумска“ соба, две игротеки, пространа кујна – сето тоа се подразбира.
Младенците досега изгубија стотици илјади долари за депозити за капарисани имоти. Така, минатиот месец тие се откажале од купувањето имот од 34,5 милиони долари во истата богата населба. Пред тоа, договориле ама не купиле имот вреден 50 милиони долари во Бел-Ер. „Нејасно е, пишува The Post, зошто постојано се менуваат мислењата, но очигледно Афлек не е задоволен од ситуацијата“.
Само што очигледно Бен не се прашува за ништо и се знае кој го има главниот збор.