More

    Паф Диди за првпат проговори за снимката со насилство врз поранешната девојка

    spot_img

    Раперот Паф Диди се огласи по ужасното видео од насилството кое се појави во јавноста. Шон Диди Комбс, попознат како Паф Диди, го прекина молкот откако оваа недела се појави шокантно видео на кое ја тепа својата поранешна девојка Кеси Вентура.

    54-годишниот рапер се извини на Инстаграм во неделата попладне, велејќи: „Го допрев дното, но не барам изговори“. Гледајќи во камерата, Диди рече:

    – Толку е тешко да размислуваш за најтемните моменти во твојот живот, понекогаш мораш да го направиш тоа. Бев изневерен. Мислам дека го допрев дното, но не барам оправдувања, моето однесување во тоа видео е неоправдано. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки во тоа видео, згрозен сум. Бев згрозен кога го направив тоа, сега сум згрозен и добив професионална помош, морав да го молам Бога за неговата милост и спасение.

    Оваа недела се појавија шокантни снимки од надзорните камери на кои Диди насилно ја нападна својата поранешна девојка Кеси во хотел во Лос Анџелес во 2016 година.

    На видеото до кое дојде Си-Ен-Ен, се гледа како раперот без кошула со крпа завиткана околу половината ја брка Кеси по ходникот во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити. Додека се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил Кеси за задниот дел од главата и ја соборил на земја. Потоа ја удрил со нога додека лежела неподвижна на земја, пред да ѝ ги грабне двете торби со кои се обидела да побегне.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img