Вработените во секторот „Компјутерско програмирање“ повторно се на врвот според висината на платите што го зеле во текот на јануари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Еве ја листата на петте сектори со највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава:
1. „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ – просечна нето плата исплатена во јануари 91.259 денари.
2. „Останати стручни, научни и технички дејности“ – просечна нето плата 65.869 денари.
3.„Складирање и помошни дејности во превозот“ – просечна нето плата 59.693 денари.
4. „Воздухопловен транспорт“ – просечна нето плата 56.100 денари.
5. „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ – просечна нето плата 53.893 денари.
Интересен е фактот дека во секторот „Воздухопловен транспорт“ вработените претходниот месец имаа убедливо највисока плата, а сега се дури на четвртото место. Просекот на исплатените плати во декември во овој сектор изнесуваше 94.537 денари.