More

    Западните медиуми бараат знаци дека Путин е болен

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изгледаше кревко додека го пофали својот драг пријател, кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на состанокот во Москва, пишуваат западни медиуми.

    „Дејли мејл“ пишува дека Путин се тресел и силно го стегал столчето. Тој рече дека е подготвен да разговара за кинескиот план за ставање крај на војната во Украина. Западот и Киев се сомневаат во искреноста на тоа тврдење и се обидуваат да ја откријат вистинската причина за помирливиот пристап на Си.

    – Отсекогаш сме биле отворени за преговори – му рекол Путин на Си, кој дојде во Москва неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател.

    Долго време во западниот печат се шпекулира дека рускиот претседател боледува или од рак или од Паркинсонова болест. Исто така, се известува дека за време на разговорот со Си, тој нервозно удирал со левата нога на подот. Светските медиуми постојано пишуваа дека здравјето на Путин е видно влошено во последната година или повеќе, дека често се држи за маси и столици, ‘рчи и дека му се тресат рацете.

    Рускиот и кинескиот претседател се очекува денеска да потпишат два договора за проширување на „сеопфатното партнерство“ и „стратегиската соработка“, но на состанокот на дневен ред ќе има и прашања за воено-техничката соработка меѓу двете земји.

    Вчера Си и Путин разговараа четири и пол часа, а меѓународно изолираниот руски лидер рече дека е отворен да разговара за предлозите на Кина за решение на војната во Украина.

    Путин го пофали предлогот на Пекинг за прекин на конфликтот од 12 точки, кој вклучува повик за дијалог и почитување на територијалниот суверенитет на сите земји. Кина се обидува да се прикаже себеси како неутрална страна во конфликтот во Украина, а САД изразуваат сомнежи и предупредија дека таквиот план може да биде и „тактика на застој“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img