More

    Сологамија, феномен на жени кои се мажат за себе

    spot_img

    Некои жени решиле дека не им треба маж или друга жена за брак – никој освен самите себе.

    Кога ја отвори кутијата со вереничкиот прстен, Картер пукна во солзи.

    Тоа беше прстен за кој сонуваше цел живот, бидејќи сама го дизајнираше и се подготвуваше да ја прифати сопствената понуда за брак, пишува Инсајдер, пренесува zadovoljna.rs.

    За време на пандемијата, Картер, козметолог и фитнес инструкторка, помина со месеци одвоена од нејзините пријатели и семејството.

    Како слободна жена, таа мораше да се потсети дека може сама да го помине тој тежок период. На крајот, таа реши да ја потврди таа моќ со тоа што ќе се омажи за себе.

    Во август, Картер си кажа „да“ на ненадејна церемонија во Тампа, Флорида, опкружена со 40 пријатели и семејство.

    Картер е една од десетиците жени ширум светот кои прифаќаат „сологамија“ – се заколнуваат дека ќе се сакаат себеси додека смртта не ги раздели.

    Овој тренд се здоби со популарност за време на пандемијата.

    Сологамијата не е обврзувачка, ниту е призната во правниот систем. Не добивате даночни бенефиции и може да се омажите за некој друг во иднина без официјален развод.

    Како резултат на тоа, тешко е да се следи колку жени сами се омажиле. Но, Амен Џафри, режисер и продуцент на документарен филм за бракот, рече дека пандемијата дефинитивно го зголемила интересот.

    Во минатото, вели таа, љубовта кон себе се сметала за површна. Но, пандемијата наметна многу внатрешно размислување и сознание дека, на крајот, сме наши најдобри придружници и дека здравите односи бараат од нас прво да се чувствуваме удобно со себе.

    Инсајдер пишува и за примерот на Гиа Витале (32), писателка од Лонг Ајленд во Њујорк, која се запросила во својата спална соба.

    “Сексуално и романтично сум привлечна за себе, па се чувствувам како да правам нешто како што треба. Тоа е и мој начин да се бунтувам против институцијата брак и традиционалните норми на односи со кои не се согласувам”, рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img