Финска по петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живот, додека Србија е 43-та меѓу 146-те рангирани, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН.Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.
Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.
Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75, а Северна Македонија на 89 место.
Споредено со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места. Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29 место, Србија на 48, Хрватска на 60, БиХ на 64, Црна Гора на 70, а Северна Македонија на 94 место.
Америка падна на 16-то место од ланското 14-то, Велика Британија на 17-то, во однос на ланското 18-то, а Франција без промени на 20-то место.
Од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Литванија и Естонија имаат најдобри показатели, на 34 и 36 место, потоа Молдавија 62, Киргистан 64, Белорусија 65, Туркменистан 78, Русија 80 во споредба со минатогодишното 60 место, пренесува РИА Новости.
Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.
Првиот светски извештај за среќата беше објавен во 2012 година.