Манчестер Сити го демолираше РБ Лајпциг во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а прво име беше немилосрдниот Ерлинг Халанд, кој му нанесе пет гола на германскиот тим.
Норвешкиот голгетер беше нерешлива енигма за Лајпциг, кој го забележа најтешкиот пораз во историјата. Малкумина очекуваа да добијат таква порција, особено Германците, кои веруваа дека го изгаснале Халанд, но беа во голема заблуда.
На првиот натпревар одигран во Германија, хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол ги затвори сите приоди до вратата и го неутрализираше Халанд, поради што одговорниот за социјалните мрежи реши да објави меме. Така лансираше лавина потсмев на сметката на норвешкиот играч и горко зажали за тоа:
„Еден од најдобрите млади играчи во Европа и Ерлинг Халанд“, напиша тој покрај фотографијата на Гвардиола и Халанд.
Овој пат се тргна наопаку…