More

    Реакции по судирот на рускиот воен авион со американскиот дрон

    spot_img

    Москва смета дека инцидентот со руски борбен авион „Су-27“ и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, соопштија ноќеска  руските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов,

    – Овој инцидент го сметаме за провокација – рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент.

    „Американски воен дрон „MQ-9“ се урна вчера попладне во Црното Море откако руски авион „Су-27“ го погоди неговиот пропелер“, соопшти Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија врз Украина од пред повеќе од една година.

    Русија негираше каков било контакт и рече дека дронот се урнал по „остар маневар“.

    Руските медиуми пренесоа дека Антонов изјави дека неговата средба во Стејт департментот била „конструктивна“ и дека не е отворено прашањето за можни „последици“ за Москва по иницидентот.

    – Што се однесува до нас, ние не сакаме каква било конфронтација меѓу САД и Русија. Ние сме за градење прагматични односи за доброто на рускиот и американскиот народ – рече Антонов.

    Инцидентот предизвика рекација и од повеќе земји. Британскиот министер за одбрана Бен Валас ја повика Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор.

    – Клучната работа овде е дека сите вклучени страни треба да го почитуваат меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да го сторат тоа-  изјави Валас за Ројтерс на саемот за одбрана DSEI од Токио.

    Валас додаде дека „Американците сметаат дека станува збор за непрофесионален чин“.

    Вчерашниот инцидент над Црно Море е првиот физички контакт меѓу руски борбен авион и американски воен дрон од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img