Челзи вчера соопшти дека во недела на 26 март ќе организира ифтар програма на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Тоа ќе биде прв ваков настан во историјата на англиската Премиер лига.
Фудбалерите на Челзи Кулибали и Фофана ја поздравија клупската ифтар програма Јунус Кајмаз – Челзи вчера соопшти дека во недела на 26 март ќе организира ифтар програма на стадионот „Стемфорд Бриџ“, пренесува Андолија.
Покажува големина: Челзи ќе приреди ифтар за верниците на Стемфорд Бриџ
Раководството на англискиот премиерлигаш Челзи на 26 март ќе организира ифтар.
„Луѓето сакаат да поминуваат време заедно, да јадат заедно и да се молат заедно. Многу луѓе се здружуваат и формираат убава, голема заедница. Ова е многу добра работа за мене за време на Рамазан“, рече Кулибали во пораката што ја сподели на социјалните мрежи.
Фофана, исто така, ја поздрави идејата за ифтарската програма на клубот и рече дека многу негови пријатели немуслимани му прават друштво за време на рамазанските сехури.
„Кога ќе дојде Рамазан, треба да поминувате време со пријателите. Имам многу пријатели немуслимани, доаѓаат да јадат и да се дружат навечер“, вели Фофана.